Парламентот на Словенијa ја изгласа новата влада, Јанша најави помал данок и поголема борба против корупција

Пратениците во парламентот во Словенија денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада и Јанез Јанша за нов премиер, кој вети даночни намалувања, наменско трошење и борба против корупцијата, пренесува АП.

Јанша, кој се смета за наклонет кон Трамп и кој обезбеди четврти мандат по неубедливите избори во март, изјави дека кабинетот ќе ја претставува целата земја, со министри од различни генерации и од цела Словенија.

Словенија во изминатите четири години ја водеше либерална влада на Роберт Голоб, кој тесно победи на изборите, но не успеа да формира мнозинска коалиција.

Десницата се враќа на власт во Словенија — Јанша е номиниран за нов премиер

Коалиција од пет партии

Пратениците ја поддржаа владата од 15 члена со 49 гласа „за“ и 30 „против“. Повеќето од министрите се од партијата СДС на Јанша, а останатите се од коалициските партнери Нова Словенија (НСи), Демократи и Фокус. Партијата СЛС, петтиот партнер, не доби министерска позиција.

Коалицијата од пет партии држи 43 од 90 места во парламентот и е поддржана од десничарската партија Ресница, која формално не се приклучи на владата. Пратениците на националните малцинства, исто така, го поддржаа кабинетот.

Во својот говор во парламентот, Јанша ги пофали министрите како искусни лидери и вети дека ќе ги намали „рекордно високите даноци“, како што ги нарече, и големата бирократија во споредба со другите европски земји. Тој, исто така, вети дека ќе се бори против корупцијата и ќе им даде повеќе овластувања на локалните власти, пишува агенцијата СТА.

Јанша рече дека следната недела ќе ги покани опозициските партии да се приклучат на партнерство за изработка на клучно законодавство.

„Рака е подадена, Но за соработка се потребни двајца, и ќе зависи од вас колку ќе ги има“, рече тој.

Јанша ја потпиша коалицијата и порача: Секој што не е против нас, може да биде со нас

Аналитичарите велат дека владата на Јанша веројатно ќе ја помести надворешната политика подалеку од претходната администрација, која ја призна палестинската држава и воведе забрана за патување за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и двајца негови крајнодесничарски министри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот