Десницата се враќа на власт во Словенија — Јанша е номиниран за нов премиер
Номинацијата на Јанша за премиер е поднесена до Националното собрание со потписи од 48 пратеници. За да биде избран, потребно му е апсолутно мнозинство од 46 гласа во Националното собрание, кое има 90 пратеници. Гласањето може да се одржи најдоцна до петок.
Група пратеници од Словенечката демократска партија (СДС) го номинираа лидерот на партијата, Јанез Јанша, за следен премиер на Словенија. Се очекува Јанша да ја формира својата четврта влада со сродни партии од десниот центар и со сојузот предводен од Нова Словенија, како и со поддршка од партијата Ресница, пренесе српски „Јуроњуз“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Номинацијата на Јанша за премиер е поднесена до Националното собрание со потписи од 48 пратеници. За да биде избран, потребно му е апсолутно мнозинство од 46 гласа во Националното собрание, кое има 90 пратеници. Гласањето може да се одржи најдоцна до петок.
Јанша досега трипати беше премиер на Словенија, но само еднаш го заврши целиот мандат. Доколку биде именуван за премиер по четврти пат, тоа ќе биде неговата прва целосно десно ориентирана влада.
Јанша вчера изјави дека органите на СДС ја потврдиле содржината на коалицискиот договор со уште неколку опозициски партии, со што биле исполнети условите за поднесување на неговата кандидатура за мандатар за состав на новата словенечка влада.
По седницата на Советот на партијата, Јанша рече дека со тоа завршува постапката за потврдување на коалицискиот договор, бидејќи мнозинството потенцијални коалициски партнери веќе го сториле тоа.
Според него, договорот за коалициска соработка треба да биде потпишан до крајот на неделата бидејќи некои партии сè уште одлучуваат за неговото усвојување во своите органи.
Потоа ќе следува договор за распределба на ресорите во новата влада. Коалицискиот договор и влезот во четвртата влада на Јанез Јанша веќе кон крајот на минатата недела ги поддржале органите на Нова Словенија и Демократите, додека претходно денеска истото го сториле и Словенечката народна партија и Фокус.
Идната коалиција располага со 43 гласа, но Ресница најави дека ќе го поддржи Јанша и при гласањето за мандатар.
Изборната кампања во Словенија беше исполнета со горчина, а Јанша беше поврзан со прислушкување на актуелната власт.
Оперативци на параразунавачката компанија „Блек кјуб“, кои имале средби со Јанша, беа обвинети од словенечките органи дека помогнале да протечат снимки наменети да ја поткопаат владата на премиерот Роберт Голоб поврзувајќи ја со корупција, неколку дена пред изборите.
Иницијално, Голоб тесно победи на изборите, односно неговото Движење Слобода беше прво, но без доволно мнозинство за самостојно владеење. Потоа не успеа да состави стабилна коалиција, што му отвори простор на Јанез Јанша, иако неговата СДС беше втора.
Претседателката на Словенија утре започнува консултации, Јанша на чекор до нов мандат


