Илустративно фото

„Блек кјуб“, протечени снимки и корупција – израелска шпионска фирма ги разниша изборите во Словенија, пишува Политико

Изборната кампања во Словенија веќе беше исполнета со горчина. Потоа оперативци од позната приватна разузнавачка компанија, основана од поранешни членови на израелските одбранбени сили, слетаа во Љубљана среде зима. Приватниот авион што слета на студен декемвриски ден ги превезувал Дан Зорела, извршен директор на „Блек кјуб“, потоа Џиора Ејланд, поранешен шеф на Израелскиот совет за национална безбедност и уште двајца мажи, кои тврдат дека тие биле ангажирани во „тајно следење и прислушување“, пишува Политико за случувањата во Словенија, каде изборната кампања ја „тресат“ скандали со шпионажа и обвинувања за корупција.

Како што објави Политико, оперативците на параразунавачката компанија „Блек кјуб“ сега се обвинети од словенечките органи дека помогнале да протечат снимки наменети да ја поткопаат владата на премиерот Роберт Голоб поврзувајќи ја со корупција, неколку дена пред неизвесни национални избори. Снимките прикажуваат истакнати словенечки личности како наводно разговараат за корупција, нелегално лобирање и злоупотреба на државни средства.

Претставниците на „Блек кјуб“ не одговориле на барањата на Политико за коментар за обвинувањата.

Словенија утре излегува на гласање на избори на кои либералниот Голоб се соочува со десничарскиот популист Јанез Јанша, кој моментално има тесно водство според анкетниот просек на Политико. Голоб предупреди дека победа на Јанша — четирикратниот поранешен премиер — би ја загрозила суштината на Европската унија. Од своја страна, партијата на Јанша редовно го прикажува Голоб како корумпиран поранешниот енергетски тајкун.

Пцовисани животни, тајни снимки и израелски шпиони: Што се случува во Словенија пред изборите?

Обвинувањата поврзани со „Блек кјуб“ доаѓаат во момент на зголемена загриженост во Европа околу тајното странско мешање во демократските избори, од операции за влијание до политичка саботажа. Во Словенија, тие ризикуваат дополнително да ја поларизираат трката што стана симбол на поширок судир меѓу либералните, про-ЕУ сили и зајакнатото десничарско популистичко движење, пишува Политико.

„Слободен печат“ изминатиов период редовно пишуваше за скандалот што се врти околу низа протечени аудио-снимки и тајно снимани видеа, кои се појавија во последните недели.

Скандал со шпионажа и обвинувања за корупција ja тресе изборнaтa кампања во Словенија

Снимките, објавени преку профилот „Маските паѓаат” („Maske padajo“) предизвикаа политичка бура и отворија прашања за можни дезинформациски кампањи и за странско влијание. Дополнителни сомнежи се појавија откако дел од медиумите објавија дека профилот, преку кој се пласираат содржините, е управуван од Македонија.

Во врска со овие информации, од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за „Слободен печат“ велат дека, поради чувствителноста на податоците, не можат да споделат конкретни детали, но потврдија дека преземаат активности во рамките на нивните надлежности.

„Агенцијата за национална безбедност, согласно своите законски надлежности, во изминатиот период реализираше повеќе активности во соработка со други државни органи, во контекст на спречување на влијанија од странски државни и недржавни актери, кои преку пласирање дезинформации поттикнуваат говор на омраза“, наведуваат оттаму, одговарајќи на прашањето дали АНБ соработува со словенечките власти за овој случај.

Од АНБ додадоа дека институцијата останува посветена на следење на ризиците по националната безбедност, преку сопствени капацитети, но и преку соработка со партнерски служби.

Дали македонските служби го следат профилот што пушта „бомби” за словенечките политичари?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот