Емануел Макрон со отечено и црвено око - Извор ЕПА

Макрон пристигна во Црна Гора — ова е прва официјална посета на француски претседател во историјата на земјата

Во Подгорица и Цетиње посетата се толкува како силна политичка поддршка за завршната фаза од пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија, како и можност за продлабочување на економската и безбедносната соработка. Симболичен момент ќе биде размената на највисоки државни одликувања: Макрон ќе го добие Орденот на Црна Гора, а Милатовиќ ќе биде одликуван со Големиот крст на Легијата на честа.

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во официјална посета на Црна Гора, само една недела откако во Париз го прими црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. На аеродромот го пречека претседателот Јаков Милатовиќ.

Посетата има историско значење, бидејќи ова е првпат претседател на Франција официјално да престојува во Црна Гора.

Во Подгорица и Цетиње посетата се толкува како силна политичка поддршка за завршната фаза од пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија, како и можност за продлабочување на економската и безбедносната соработка. Симболичен момент ќе биде размената на највисоки државни одликувања: Макрон ќе го добие Орденот на Црна Гора, а Милатовиќ ќе биде одликуван со Големиот крст на Легијата на честа.

Милатовиќ оцени дека ова е „голем ден“ за Црна Гора и за француско-црногорското пријателство. Тој потсети дека дипломатските односи меѓу двете земји се воспоставени по признавањето на Црна Гора на Берлинскиот конгрес, а Франција била меѓу првите држави што ја признале нејзината независност. Според него, денешните односи се во „златна ера“, а посетата на Макрон отвора нова фаза во партнерството.

Вучиќ го нарече Трамп „убедливо најпопуларниот политички лидер на САД во Србија“

Милатовиќ најави и потпишување договор за изградба на Клинички центар во Подгорица, како и продолжување на соработката преку набавка на два патролни брода, што го нарече најголем досегашен заеднички проект. Тој нагласи дека Црна Гора јасно знае каде припаѓа – во Европа – и дека целта е до 2028 година да стане членка на ЕУ.

Макрон изјави дека е среќен што престојува во Црна Гора и призна дека Франција во минатото не била доволно присутна во земјата. Сепак, според него, последните години е постигнат напредок, а новите договори треба да донесат конкретни резултати во здравството, финансиите, инфраструктурата, енергетиката, сајбер-безбедноста и во стратегиското комуницирање.

Францускиот претседател порача дека Париз ќе остане покрај Подгорица во завршницата на европскиот пат, оценувајќи дека Црна Гора спровела длабоки реформи и постигнала „извонреден“ напредок во последните две години.

Радев и Мицотакис се сретнаа во Софија – за што разговараа двајцата лидери?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот