Црна Гора згреши што им забрани влез на српските граѓани, вели Додик
Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и бивш претседател на Република Српска, Милорад Додик, рече дека Подгорица направила грешка со забраната за влез на српските граѓани, оценувајќи го тој потег како „непотребен и нималку добар“, јавува Радио-телевизијата на Република Српска (РТРС).
Препорачано
Коментирајќи дека 87 српски државјани се вратени од аеродромот во црногорскиот град Тиват, Додик од Санкт Петербург, каде што учествува на Меѓународниот економски форум, Додик изјави дека ги разбира реципрочните мерки преземени од Србија.
„Мора да престане угнетувањето на Србија од сите во околината. Тоа важи и за Подгорица, која деновиве не бега од таквиот однос со граѓаните на Србија. Дали на некој им се допаѓа или не, дали е убава или не, тоа е сосема друго прашање“, рече тој.
Додик оцени дека може да разбере зошто патниците биле депортирани „ако претходно биле на списоците на лица на кои им е забранет влез“.
„Меѓутоа, ако тоа не е случај, тогаш тоа е доказ за политички некоректен и непријателски однос кој неразумно и упорно се промовира дури и кон самиот српски претседател Александар Вучиќ“, рече Додик.
Според него, граѓаните на Црна Гора мора да сфатат дека доколку нивните власти спречат некого да влезе во земјата, мора да бидат подготвени за реципрочни мерки.
„Верувам и сакам ова да се реши што поскоро. Не можев ни да сонувам дека црногорската страна може да направи такви потези, но Србија мора да се брани. И јас сум на страната на Србија“, заклучи претседателот на СНСД.
Што се случи во Црна Гора?
Разузнавачките и безбедносните служби на Франција ги информирале своите колеги во Црна Гора за пристигнувањето на група луѓе од Србија кои наводно се од криминалното милје, претежно познати по нивните врски со владејачката Српска напредна партија на Александар Вучиќ, со чартер-лет до Тиват, објави Антена М повикувајќи се на „повеќе добро информирани извори“.
Француската компанија „Винчи“ која управува со аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, прва добила информации за овој чартер-лет. Преку офицерот за врска, таа ја известила француската разузнавачка единица ДГСЕ (Генерален директорат за надворешна безбедност), која ги алармирала црногорските власти.
На самитот во Тиват присуствува и францускиот претседател Емануел Макрон, па затоа е зголемена будноста на француските служби.
Французите ја информирале Црна Гора за авионот со наводните криминалци од Србија?
Црногорската полиција и Агенцијата за национална безбедност официјално објавија дека „денеска, како дел од обемните, континуирани и интензивирани активности што ги спроведуваат по повод самитот ЕУ-Западен Балкан, на граничниот премин на аеродромот Тиват, биле спроведени засилени гранични и безбедносни контроли, при што бил одвоен и ставен под контрола чартер лет на релација Белград-Тиват, кој превезувал 87 граѓани на Република Србија во Црна Гора“.


