Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Унгарското обвинителство го повлече случајот против градоначалникот на Будимпешта за ланската Парада на гордоста

Обвинителите од Унгарија ги повлекоа обвиненијата против либералниот градоначалник на Будимпешта, Гергељ Карачони, кој имаше своја улога во организирањето на ЛГБТК+ маршот за права во 2025 година, пренесува Ројтерс.

Десетици илјади демонстранти маршираа низ Будимпешта во јуни 2025 година и покрај полициската забрана, претворајќи ја Парадата на гордоста во масовен антивладин протест и една од најголемите опозициски манифестации против поранешниот премиер Виктор Орбан.

Орбан беше сменет на изборите на 12 април по 16 години власт, од централно-десничарската партија Тиса на Петар Маѓар.

ВИДЕО | И покрај забраната, десетици илјади Унгарци дојдоа на Парадата на гордоста во Будимпешта

Обвининието за градоначалникот Карачони стигна пред изборите во јануари, со кое се тврдеше дека го прекршил законот, со тоа што организирал и водел забранет собир.

Карачони се обидел да ја заобиколи полициската забрана така што го регистрирал маршот како општински настан, за кој тврдел дека не бара дозвола. Маршот во центарот на Будимпешта на крајот се одржа мирно и учествуваа повеќе од 100.000 луѓе, меѓу кои и неколку европски политичари и критичари на владата на Орбан.

Обвинителите соопштија дека ги повлекле обвиненијата, повикувајќи се на одлука на Судот на правдата на Европската унија од крајот на април, според која унгарскиот закон за „заштита на деца“ од 2021 година го крши правото на ЕУ. Овој закон бил основа за забраната на настанот.

Промени во унгарската политика кон ЛГБТК+ заедницата

Според анкета спроведена во деновите по изборите во Унгарија, повеќе од 70 отсто од испитаниците сакаа новиот премиер Петар Маѓар да ги заштити правата на ЛГБТК+ заедницата – област која претрпе драматични ограничувања за време на владеењето на Орбан.

Анкета: Поддржувачите на Маѓар бараат посилни климатски политики и поголема заштита на ЛГБТK+ правата

Унгарската полиција соопшти дека нема да спречи никого да учествува на парадата „Будимпешта прајд“ што ќе се случува следниот месец, што сигнализира промена во политиката кон ЛГБТК+ заедницата.

Освен што метрополитенската полиција на Будимпешта ја одобри парадата „Будимпешта прајд“ за 2026 година, исто така издаде и рестриктивни наредби во врска со три контрадемонстрации.

Унгарија ја дозволи Парадата на гордоста во Будимпешта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот