Обединети нации / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации

Првпат од осамостојувањето Македонија е избрана да биде дел од едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН) – Економскиот и социјалниот совет (ЕКОСОК). Според премиерот Христијан Мицкоски, ова е огромен успех за државата и македонската дипломатија. Земјава ќе биде дел на ЕКОСОК во периодот од 2027 до 2029 година.

-Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери – рече премиерот Мицкоски.

Во изминатиот период Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

Вајц го впери прстот во корупцијата, Муцунски — во Софија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот