Во Албанија струјата за домаќинствата нема да поскапи цела следна година
Регулаторната завод за енергетика (ЕРЕ) на Албанија одлучи цената на струјата за домаќинствата да остане иста уште една година, односно малопродажните цени на струјата снабдена од давателот на универзална услуга, да останат во сила до 31 декември 2026 година, јавија албанските медиуми.
Препорачано
– Одлуката е донесена на состанокот на Управниот одбор на ЕРЕ, по евалуација на финансиските и економските индикатори на снабдувачот, од кои произлегува дека важечките цени ги покриваат трошоците за дејноста и гарантираат нормално функционирање на услугата за 2026 година, објавија медиумите.
За домаќинствата кои трошат до 700 киловат-часови месечно (што се смета за висока, натпросечна потрошувачка), цената останува 8,4 лека (5,36 денари) по кв/ч, додека за домаќинствата кои трошат повеќе од 700 кв/ч месечно, цената исто така ќе биде како и досега – 9,5 лека (околу 6 денари) по кв/ч.
ЕРЕ, исто така, ја продолжи до крајот на 2026 година важноста на цената на електричната енергија за полнење на електрични возила на бензински станици со инсталирана моќност над 11 киловати поврзани на напонско ниво од 0,4 киловати.
Цената во станиците поврзани на напонско ниво од 0,4 киловати изнесува 22 лека, додека во шпиц-часовите е 25,3 лека.


