„Вимблдон“: Жабер испиша историја и во финалето ќе игра против Рибакина

Онс Жабер („Тунис“) е првата тенисерка од Африка во грен слем финале/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Онс Жабер (Тунис) и Елена Рибакина (Казахстан) се пласираа во женското финале на грен слем турниро „Вимблдон“, кои беа подобри од Татјана Марија (Германија) и Симона Халеп (Романија) во полуфиналните дуели на третиот Грен слем во сезоната.

Во борбата за финале против тенисерката од Германија, Жабер брилијантно влезе во мечот, прво пропушти три можности за брејк, па во третиот гем втората прилика ја претвори во 2:1, а во седмиот гем стигна вториот брејк, па со 6:2 направи исчекор кон финалето.

Во вториот сет не блескаше втората светска тенисерка, Марија успеа да одбрани две брејк шанси во третиот гем пред да го одземе сервисот на својата ривалка во четвртиот и да го израмни резултатот на 6:3 за 1:1.

Но, тој пад беше само слаб момент, бидејќи во третиот сет следеше повторно доминација на Тунижанката, пет врзани гема со два брејка и лесни 5:0, по што остана само да го потврди пласманот во финалето.

Така таа стана првата Африканка која стигнала до финалето на Грен слем турнир. За трофејот ќе ги одмери силите со Елена Рибакина, која беше убедлива против Симона Халеп.

Најпрво во првиот сет по еден брејк поведе со 2:0 и таа предност ја задржа до крајот за 6:3. Во вториот ја загуби предноста од брејкот во четвртиот гем, но поведе повторно во следниот, а потоа дојде со нов брејк во деветтиот гем до место во борбата за титулата.

Финалето помеѓу Жабер и Рибакина е закажано за в сабота со почеток во 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот