Вил Смит како принцезата Јасмин ги воодушеви фановите, а потоа ја „боцна“ најмладата милијардерка на сите времиња (ФОТО)

Како можете да му одолеете на ова? – ги праша шармантниот актер следбениците на Инстаграм.

За само 10 дена од прикажувањето на филмот „Аладин“ ова остварување заработи речиси 500 милиони долари на благајните, а Вил Смит (50) на сјајни начини им се заблагодарува на фановите што го сакаат филмот.

Овој пат се претвори во принцезата Јасмин од самиот филм, со тоа што оваа принцеза всушност изгледа како брадеста жена.

– „Аладин“ се уште е во кината! Како можете да му одолеете на ова?, ги запраша тој своите следбеници на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

#Aladdin still in theaters!! How y’all gon’ Resist THIS?!

A post shared by Will Smith (@willsmith) on

При шминкањето на сетот актерот се пошегува на своја сметка, но ја „боцна“ и Кајли Џенер (21) која се збогати со својот мејкап бренд. Всушност „збогати“ е можеби преблаг израз, со оглед на тоа што Кајли стана најмладата милијардерка на сите времиња.

Тој духовито се пошегува на нејзина сметка пишувајќи:

– Ова се само мои трикови и тајни. Не сакам Кајли Џенер да ми ги украде работите! – напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот