Викторија Стојаноска и Ангела Трајкоска освоија медали на турнирот во борење во Белград
На 2 август, во организација на боречкиот клуб на Црвена звезда, во Белград, Србија, се одржа меѓународен турнир на кој учество зедоа и борачките од клубот „7 мај“ од Прилеп.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во категоријата до 50 кг., Викторија Стојаноска го освои третото место, додека во категоријата до 53 кг., Ангела Трајкоска се закити со сребрен медал и го освои второто место.
Тамара Цветкоска, која се натпреваруваше во категоријата до 62 кг., го освои петтото место по силна конкуренција.
Иако Цветкоска и Трајкоска имаат само 17 години, тие се натпреваруваа во посилната категорија до 23 години (У23), покажувајќи зрелост, храброст и исклучителна борбеност.
Настапот на овие млади борачки претставува уште еден успех како за клубот така и за нашата држава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


