Видеото е хит: Еве како Алекс Родригез реагираше на веста дека Џенифер повторно се вери со Бен Афлек

Фото: Принтскрин/Твитер

По веста дека Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно се вериле, сите со нетрпение ја исчекуваа реакцијата на поранешниот вереник Алекс Родригез, со кој пејачката се раздели минатата година.

Алекс гостуваше во емисијата „Sunday Night Baseball“, каде водителот и коментатор Мајкл Кеј суптилно го „боцна“ со веста за веридбата на Џенифер.

„Времето е одлично за спорт. Го имаме новиот првак на Мастерсот, започнува НБА плејофот, бејзболот е во полн замав, луѓето прават веридби. Мислам среќни се времињата во светот“, изјави Кеј за време на разговорот, на што Алекс се насмевна.

„Среќа и мир во светот е тоа што го бараме“, коментираше тој, се насмевна, а потоа замолче, пред да ја промени темата и да продолжи со коментирање на натпреварот.


Да се потсетиме, Џенифер и Алекс венчавката ја најавија во 2020 година, но пандемијата ги спречи во тоа. Една година подоцна тие објавија дека се разделуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот