ВИДЕО: Тенисерите не се сомневаат, Ѓоковиќ ќе биде најдобар и во 2021 година!

Ѓоковиќ е актуелен шампион на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

АТП спроведе анкета меѓу тенисерите, предвидувајќи кои 10 играчи ќе бидат во „топ 10“ на крајот на сезоната. Никој не се сомнева дека Новак Ѓоковиќ ќе биде најдобар.

Во анкетата на АТП учествуваа познати играчи како Григор Димитров, Ник Кирјос, Тејл Фриц, Феликс Оже-Алијасим, Давид Гофан, Рајли Опелка, Лојд Харис и Мекензи Мекдоналд.

Сите тие предвидоа точно исти седум играчи на врвот на АТП-листата – Ѓоковиќ е најдобар, а по него следат Надал, Медведев, Тим, Зверев, Циципас и Рубљов.

Интересно е што никој не го избра Рожер Федерер. Изгледа дека не веруваат дека Швајцарецот може да се врати на врвот.

Дел од нив доцна се сетија, заборавија дека и натаму Федерер се натпреварува, па подоцна сакаа да го вметнат во Топ 10. Кирјос дури ја искористи можноста да каже дека би сакал Федерер да биде прв во светот затоа што тој го смета за „тениски Бог“.

Ѓоковиќ: Имам проблем и тој се вика Рафаел Надал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот