Ѓоковиќ: Имам проблем и тој се вика Рафаел Надал
Првиот тенисер на АТП ранг листата зборуваше за шансите да дојде до втор триумф на Ролан Гарос.
Новак Ѓоковиќ успешно ја започна годината, по деветти пат триумфира на Австралија Опен, а наредниот грен слен турнир сезонава ќе биде Ролан Гарос каде е речиси невозможно да се победи.
Препорачано
На грен слем турнирот во Париз вистински владетел е Рафаел Надал кој има дури 13 триумфи.
Минатата сезона, Рафаел Надал во финалето го совлада токму Ѓоковиќ во три сета и тоа со убедливи 6:0,6:2,7:5.
– Имам проблем на Ролан Гарос и тој се вика Рафаел Надал. Но, ќе се обидам оваа година да дојдам до трофејот – изјави Ѓоковиќ за ТВ Франс.
Токму Ѓоковиќ заедно со Робин Содерлинг се единствените тенисери кои го имаат победено Надал на Ролан Гарос.
– Доколку имате некој совет како да го победам, не се двоумете, кажете ми. Мора да бидете максимално подготвени и на физички и на психички план доколку сакате да го победите Надал. Еднаш успеав во тоа, но многу често губев од него. Мислам дека најголемиот предизвик во тенисот е да се победи Надал на Ролан Гарос. Сакам предизвици и ќе дадам се од себе за да успеам – рече Ѓоковиќ.
Сезоната на земјените терени започнува наредниот месец, а Ролан Гарос е предвидено да се одржи од 23. мај до 6. јуни.


