Џенифер Еспозито _ Фото? Инстаграм/ Џенифер Еспозито

ВИДЕО | Поранешната сопруга на Бредли Купер ја ставила куќата под хипотека за да сними филм: „Колегите не ме поддржаа“

Поранешната сопруга на Бредли Купер, актерката Џенифер Еспозито, откри дека би можела да остане без својот дом откако ја ставила куќата под хипотека за да го финансира својот режисерски деби-филм, драмата „Fresh Kills“ од 2023 година. Еспозито во филмот е сценаристка и продуцентка, а ја толкува и главната улога.

За последиците од оваа одлука таа зборуваше во видео објавено на социјалните мрежи.

„Во моментов изгледам ужасно бидејќи плачев. Се селам од мојата куќа, која ја ставив под хипотека за да го снимам овој филм“, рече Еспозито на почетокот од видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Esposito (@jesposito)

Таа истакна дека особено ја разочарал недостатокот на поддршка од колегите.

„Разочарана сум затоа што колегите не ме поддржаа. Луѓе што се под рефлектори не можеа ни мала услуга да направат и да кажат: ’Фала, погледнете го овој филм‘. Тогаш си помислив: ’Знаеш што? Никој никому ништо не му должи‘. А потоа се запрашав: ’Дали навистина не си должиме ништо? Дали како луѓе не си должиме барем нешто?‘ Можеби затоа и сме во вакви проблеми. Јас мислам дека сепак си должиме – си должиме пристојност“, изјави таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Esposito (@jesposito)

 

Еспозито, која во „Fresh Kills“ ја игра Франсин – сопруга на њујоршки мафијашки бос од 1980-тите, и претходно зборуваше за одлуката сама да го финансира својот прв филм како режисерка и сценаристка. Во интервју за KTLA таа објасни зошто била подготвена да преземе толкав ризик.

„Овој град со години ти кажува што можеш, а што не можеш. Ми беше преку глава од тоа и си реков: ’Зошто постојано барам светот да верува во мене, кога јас самата морам да верувам во себе‘. Затоа решив да ги вложам сопствените пари. Што ќе ме направи посреќна – еден ден да имам отплатена куќа или конечно да си ја дадам шансата што предолго ја чекав? Поради тоа ја донесов таа одлука“, рече таа.

Дејството на филмот „Fresh Kills“ е сместено на Стејтен Ајленд кон крајот на 1980-тите и ја следи приказната на Роуз, љубопитна млада жена која открива дека нејзиниот татко станува сè помоќен мафијашки бос.

Да потсетиме, Џенифер и Бредли Купер се запознале и започнале врска во 2006 година. Нивната љубов долго време не била јавна, сè додека не биле забележани заедно на доделувањето на Златните глобуси. Тие се свршиле во октомври 2006 година, а се венчале во декември истата година. Сепак, бракот кратко траел – Еспозито поднела барање за развод во мај 2007 година, а разводот бил финализиран во ноември истата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот