ВИДЕО | Оформете ги вашите нозе за ова лето: Тренинг за зацврстување на нозете за кој не ви е потребна опрема!

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во потрага сте по едноставни, делотворни и брзи вежби за нозете кои ќе ги зацврстат вашите мускули и ќе ви помогнат да се вратите во форма: Можете да ги пронајдете на Јутјуб каналот „Mad Fit“, од популарната канадска фитнес блогерка Меди Лумбурнер која во моментов има речиси шест милиони претплатници.

Една од причините за популарност на каналот е колекцијата од видеа со едноставни вежби кои можат да се изведат и во домот и за кои не ви е потребна никаква опрема.

Во едно од нив Меди го покажа и својот краток тренинг за зацврствување на нозете кој трае само пет минути. Вежбите се изведуваат во интервали од 30 секунди и се менуваат по одморот кој трае 10 секунди, а коментарите на претплатниците кои го пробале тренингот се повеќе од позитивни.

Сакате оформени и затегнати нозе ова лето? Зошто да не го пробате и вие, нема повеќе изговори, активирајте се веднаш!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот