ВИДЕО | Неверојатен пар: Имам 76 години, а вереникот 19, велат дека можам да му бидам прабаба, но ние многу се сакаме

Фото: Принтскрин/ТикТок

Разликата во годините ништо не им претставува. Таа е 57 години постара од него. И додека коментарите на интернет велат дека изгледа како негова прабаба, тој е толку заљубен што всушност и ја запросил.

Се вели дека вистинската љубов не познава години – а еден пар од Италија е доказ за тоа, со разликата во години од 56 години, 76-годишната жена неодамна ја запросило нејзиното 19-годишно момче Џузепе Дана.

Парот стана популарен на ТикТок каде во видеото, кое на социјалните мрежи е прегледано повеќе од 16 милиони пати, момчето клекнува на десното колено и со повеќе од десет големи балони во облик на срце страствено ја бакнува својата дама.

@milina_gatta #greenscreen ♬ Originalton – Yaren Topcu🥷🏽


„La nostra promessa“ (нашето ветување) – гласеше натписот од видеото. Потоа се прикажани и некои симпатични фотографии од нив двајца, на кои Џузепе носи златно ланче, а идната младенка држи рози. Џузепе исто така сподели и слика од прекрасниот прстен.

„Ова е само почеток на долгата низа негативности“, изјави тој поради реакцијата на критичарите.

Иако тие двајца можеби се вљубени, другите немаат многу разбирање за нивната врска, а многумина се потрудија да ги погодат причините поради кои Џузепе би можел да се гледа со оваа жена.

@milina_gatta @peppedanna1 ♬ suono originale – Canzoni stati


Додека некои мислат дека тој го лови нејзиното богатство, други се уверени дека сака „Sony PlayStation 5“. Откако дознале за нивните години, вереницата на Џузепе неколку пати ја нарекле и негова прабаба.

Меѓутоа, изгледа дека тој е длабоко заљубен во својата девојка, бидејќи им возвратил на коментарите.

„Мојата љубов е убава“, изјави тој.

Овој пар сепак покрај низата лоши коментари успеа и да придобие неколку обожаватели, како и нивната поддршка.

@milina_gatta♬ suono originale – Giuseppe D’anna⚡️

„Не ги слушајте луѓето со омраза кога некој ве усреќува и кога го сакате оној кој го сметате за вистински за вас“, ги поддржа една личност во коментарите.

Не е првпат пар со толку голема разлика во годините да стане популарен на социјалните мрежи. И покрај грдите коментари со кои неговата жена беше наречена негова прабаба, парот вели дека меѓу нив постои одлична сексуална хемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот