Напад во основно училиште во Москва/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Напад со нож во основно училиште во Москва: Еден ученик е убиен, а чуварот е повреден

Трагичен инцидент се случи утрово во училиште во областа Горки-2 во Московскиот регион, кога малолетник во напад со нож, усмртил дете и повредил училишен обезбедувач, објави Тасс.

Според соопштението на Истражниот комитет на Руската Федерација, инцидентот се случил утрово во образовна институција лоцирана во населбата Горки-2, Одинцовскиот округ во Москва. Како што е објавено, 15-годишник влегол во просториите на училиштето и, откако прво го испрскал обезбедувачот со бибер спреј, нападнал ученик со нож. Потоа се скрил во училница, каде што останал сè додека не бил уапсен.

„Утрово, во една од образовните институции лоцирани во населбата Горки-2 во урбаниот округ Одинцово, малолетник успеал да ги избоде обезбедувачот и еден од учениците со нож. Како резултат на повредите што ги здобило, детето починало“, соопшти прес-службата на Истражниот комитет.

Во исто време, Детскиот омбудсман на Московскиот регион потврди дека жртва на нападот е ученик од четврто одделение од основното училиште, кој им подлегнал на повредите по инцидентот.

Во нападот е повреден обезбедувачот на училиштето кој добил прва помош, додека надлежните органи започнале истрага за околностите под кои се случил крвавиот инцидент. Засега не се дадени дополнителни информации за мотивите на сторителот или дали претходно имало инцидент во просториите на училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот