Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | „Ми рече дека има рак“: Ед Ширан проговори за моментот кога неговата сопруга дознала дека е болна додека била бремена

Ед Ширан проговори за најтешкиот период низ кој поминало неговото семејство откако на неговата сопруга Чери Сиборн ѝ бил дијагностициран тумор додека била бремена. Пејачот откри дека Чери сега добро се опоравува по операцијата за отстранување на туморот.

Појавувајќи се во поткастот „Пријатели чуваат тајни“, Ширан призна дека веста за нејзината болест дошла во еден од најмрачните периоди од неговиот живот. На Чери ѝ бил дијагностициран тумор на раката во 2022 година, додека била бремена со нивната втора ќерка, Јупитер.

– Денот кога Чери ми се јави и ми рече дека има рак беше веројатно еден од најлошите. еројатно беше најлошата недела бидејќи почина Џамал ​​Едвардс, а потоа отидовме на суд. А потоа Шејн Ворн почина на првиот ден од судењето – рекол тој.

Поради нејзината бременост, лекарите ја советувале да почека до породувањето за да се оперира, што Ед призна дека ја направило целата ситуација уште постресна.

– Таа беше бремена во тоа време, што ја отежна целата работа – објаснил тој.

Откако се родила Јупитер, Чери била подложена на операција за отстранување на туморот.

Ширан потврди дека неговата сопруга за среќа добро се опоравила.

– Таа имаше операција откако го роди нашето второ дете. За среќа, да чукнам во дрво, таа е сосема добро – открил тој.

Размислувајќи за искуството, глобалната суперѕвезда призна дека ситуацијата била исклучително тешка.

Здравствените проблеми на неговата сопруга се совпаднаа со период во кој Ширан се соочуваше со други лични предизвици. Истата недела, тој го загуби блискиот пријател и музички претприемач Џамал ​​Едвардс, кој почина на 31-годишна возраст, додека се подготвуваше за судска битка поради обвинувањата за плагијат за неговиот хит „Shape Of You“.

ФОТО | Ед Ширан ослабел 14 килограми: „Сакав да станам одговорен татко“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот