ФОТО | Ед Ширан ослабел 14 килограми: „Сакав да станам одговорен татко“
Британскиот кантавтор Ед Ширан позираше без маица за последниот број на списанието „Men’s Health UK“, во кое меѓу другото зборуваше за својата физичка трансформација и како успеал да ослабе 14 килограми.
Препорачано
Ширан одлучил комплетно да го промени начинот на живот откако станал татко, откривајќи дека престанал да консумира алкохол по настапите.
Тој објаснил дека пресвртницата во неговиот живот се случила кога неговата ќерка Лира имала само две недели.
„Ја повикав мојата најдобра пријателка и испивме шише вино. Отидов да спијам, а Лира се разбуди 20 минути по моето заспивање. Се разбудив и помислив: ’еројатно не би требало да пијам ако се чувствувам толку ужасно“, раскажал Ширан.
View this post on Instagram
Ед Ширан, кој со сопругата Чери Сиборн ги имаат Лира и трите годишниот Јупитер, открил дека сака да биде одговорен татко:
„Сакам да можам да се справувам со ноќните обврски. Сето тоа се случи во исто време кога сакав да бидам одговорен татко, да се чувствувам добро и да изгледам добро“, изјавил тој.
Во пет години откако ја добиле Лира, Ширан изгубил 14 килограми благодарение на пилатес, тренинг со тегови, трчање и тоа што по настапите, наместо да оди во пабови, веднаш се враќа во хотелската соба на вечера и масажа.
„Можам да бидам тип кој лесно потпаѓа под скушенија и ако завршам со настап, а таму моите пријатели, можам да излезам. Но, всушност морам да бидам во хотелската соба. Добивам масажа и веднаш по масажата морам да одам да спијам. Тоа е одлично за одржување на гласот, енергијата и здравјето“, рекол тој.
View this post on Instagram
Вежбањето го започнал со одење на лента за време на пандемијата, а потоа тој и неговата сопруга започнале да вежбаат преку Зум со тренерката Али Томас.
Неговиот омилен тренинг на турнеја е пилатес на реформер. Пилатесот го смета за одличен избор бидејќи овозможува исто ниво на вежбање и чувство дека согорел калории, а истовремено се истегнал.


