ВИДЕО | Мет Дејмон остана верен пријател на Бен Афлек и во тешките моменти: „Бев тука цело време“
Холивудскиот актер и продуцент Мет Дејмон неодамна зборуваше за поддршката која му ја пружа на својот колега и долгогодишен пријател Бен Афлек. Мет и Бен години наназад се блиски пријатели кои постојано си даваат меѓусебна поддршка, како приватно така и професионално.
Препорачано
За нивниот однос зборуваа и вчера во емисијата на Ховард Стерн на „SiriusXM“, каде се осврнаа на заедничката кариера, но и на тешките периоди низ кои поминувале.
За време на разговорот, Стерн го спомна периодот кога Бен минувал низ бројни лични проблеми, споменувајќи го развод и проблемите со алкохолот, па го праша Дејмон дали бил покрај пријателот во тие моменти.
„О, да, нашето пријателство не го менува тоа што луѓето зборуваат. Бев тука целиот период“, рече Дејмон.
Бен Афлек на тоа одговори со благодарност:
„Ми значи многу. Тоа е токму тоа што значи вистински пријател“, порача Афлек.
Тие исто така се осврнаа на славата која ја доживеале во средината на дваесеттите години, по успехот на филмот „Добриот Вил Хантинг“.
Инаку, Афлек во 2015 година минуваше низ разводот со Џенифер Гарнер, а во 2017 година по вторпат заврши на лекување од зависност од алкохол. Подоцна беше во брак со Џенифер Лопез од 2022 до 2025 година.
ФОТО | По разводот никогаш посреќни: Џенифер Лопез и Бен Афлек позираа насмеани на црвениот тепих


