Џенифер Гарнер проговори за разводот од Бен Афлек: „Најтешко беше губењето на вистинското партнерство и пријателство“
Џенифер Гарнер неодамна се присети на разводот со Бен Афлек. 53-годишната актерка во разговор за магазинот „Marie Claire UK“ покрај тоа што зборуваше за моменталниот живот и претстојната сезона на „Apple TV+“ серијата „The Last Thing He Told Me“ зборуваше и за бракот со Бен Афлек.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Мора да бидете мудри во врска со тоа, што можете, а што не можете да издржите. Јас не можев да се носам распадот на семејството и губењето на вистинското партнерство и пријателство“, објасни Гарнер.
Гарнер и Афлек, со кого ги има децата Виолет Ан (20), Серафина Роуз (17) и Семјуел (13), се разделија по десет години брак, а официјалниот развод следеше три години подоцна, во 2018 година.
„Се трудам колку што можам повеќе да бидам со моите луѓе, бидејќи тоа е она што е важно. Во тоа лежи вашата отпорност, во вашите врски и во луѓето со кои минувате низ тоа“, додаде таа.
Гарнер, која во моментов е во врска со бизнисменот Џон Милер, истакна дека заедничкото родителство со Афлек, додека нивните јавни животи сè уште се во фокусот на медиумите, било најтешкиот дел.

Афлек и Гарнер заедно на празници
Според извори блиски до поранешниот пар, Бен Афлек минатиот месец го прославил Божиќ со Гарнер и нивните деца.
„Токму како што заедно го прославија Денот на благодарноста, Бен беше поканет да го прослави Божиќ со Џен и децата. Сега едноставно имаат оваа убава рутина што им одговара на сите“, открил извор за „Пипл“.


