ВИДЕО: Излезе трејлерот за последната сезона од реалното шоу на семејството Кардашијан

Фото: Јутјуб

Најпопуларното семејство во светот, Кардашијан-Џенер привлече големо внимание на себе благодарение на реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“, кое публиката пред малите екрани можеше да го следи во последните 14 години. После години напорна работа и инвестирање, популарните сестри одлучија 20-та сезона да биде и последната со која ќе се поздрават од многубројните фанови.

Планетарно популарното семејство ќе се прости од публиката преку последните епизоди, кои ќе започнат да се емитуваат на 28 март на „Е!“ каналот.

Instagram

Последната сезона носи многу заплети, солзи, кавги, но и убави моменти. Ким ги шпионира Кортни и Скот Дисик, кои заедно заспаа и тоа им го прераскажува на своите сестри. Откако Крис Џенер се расплака додека и говореше на филмската екипа дека на серијата и се ближи крајот, познатата мама-менаџерка започна по малку да се кае околу таа одлука и да се запрашува дали правилно одлучила.

профимедиа

Последните епизоди носат и расплет не некои љубовни бродоломи кои ја следеа најпознатата петорка, а ќе открие и дали Клои и НБА играчот Тристан Томпсон дефинитивно се смириле и дали планираат второ дете.

Да се потсетиме, серијалот за Кардашијан-Џенер семејството „Keeping Up With the Kardashians“ за првпат беше прикажано на 14 октомври 2007 година. После 14 години членовите на семејството станаа планетарно популарни, а поради големиот интерес на јавноста, снимени се дури 12 „спин-оф“ серии со нивните ликови.

Ким Кардашијан на почетокот на јануари на својот Инстаграм профил објави видео за последната клапа од снимањето и покажа како низ солзи се простува од екипата која работела на проектот кој го прослави нејзиното семејство.

Ким Кардашијан ја откри вистинската причина зошто повеќе нема да се снима семејното шоу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот