ВИДЕО: Фановите на Ѓоковиќ со музика и песна славеа на улиците во Мелбурн

Верните поддржувачи на Новак Ѓоковиќ се радуваа на судската одлука во корист на првиот светски рекет/Мелбурн, Австралија/10 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Навивачите на Новак Ѓоковиќ со воодушевување ја дочекаа веста дека Федералниот суд во Мелбурн пресуди во корист на српскиот тенисер.

Со одлука на судот барањето за одземање на визата и депортација на Ѓоковиќ беше поништено, а по завршувањето на судењето започна славјето на фановите на улиците во Мелбурн.

Навивачите на Ноле, со сите обележја на Србија, грмеа во градот со музика и песна.

Тие беа придружувани од голем број автомобили кои свиреа со сирените во знак на поддршка.

Првиот светски рекет Ѓоковиќ преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите за поддршката и дека останува во Мелбурн со цел да настапи на „Австралија опен“ каде што би ја бркал рекордната историска 21 грен слем титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот