Ѓоковиќ: И покрај сè што се случи, сакам да останам и да играм на „Австралија опен“

Новак Ѓоковиќ целосно фокусиран на тенисот и сака да игра на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Сите со нетрпение чекаа да се огласи и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по повод низата случувањата во Австралија каде што првично не му беше дозволен влез во Австралија, па по судски пат му вратена визата за останување во земјата.

А во Мелбурн Ноле дојде со цел да испише историја, освојувајќи ја рекордната 21 грен слем титула, но на тој пат наидува на многу сериозни пречки кои засега добро се решаваат во негова корист, иако во следните денови се очекува официјалната информација дали ќе добие можност да настапи на првиот грен слем годинава „Австралија опен“.

Ѓорѓе Ѓоковиќ информираше дека неговиот брат повторно тренираше во Мелбурн, а на својот Инстаграм профил, тоа го потврди првиот светски рекет споделувајќи слика со својот тим.

– Му се заблагодарувам на судијата кој одлучи да ми ја врати визата за престој во Австралија. И покрај сè што се случи минатата недела, сакам да останам и се обидам да се натпреварувам на Австралија Опен.

Останувам фокусиран на тенисот. Овде патував за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата и дефинитивно мојот најуспешен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Во моментов можам да напишам толку многу и секако огромно БЛАГОДАРАМ до сите ширум светот кои ми дадоа поддршка и сила и ме охрабрија да останам трезен и силен – напиша Ѓоковиќ.

Потсетување дека грен слем турнирот „Австралија опен“ ќе започне на 17 јануари, а Ѓоковиќ со евентуалниот трофеј би бил најдобар во историјата на овој спорт, со една грен слем титула повеќе од најголемите ривали Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Новак Ѓоковиќ ја доби жалбата против депортацијата од Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот