Ѓоковиќ е слободен човек, истече рокот за одлуката околу депортација

Новак Ѓоковиќ има девет титули на Австралија Опен / фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Најдобриот тенисер на светот е многу блиску до настап на „Австралија опен“ каде што може да ја брка историската рекордна 21 грен слем титула со која би бил најдобар во историјата на овој спорт.

Новак Ѓоковиќ е слободен човек, австралиските власти се откажаа од прогон и депортација, а тој е блиску до настап на Австралија Опен.

Судот во Мелбурн ја поништи одлуката на австралиската Влада за укинување на визата и депортација на Ѓоковиќ, а потоа министерот за емиграција Алекс Хок се откажа од намерата да го искористи своето дискреционо право и со својата одлука му ја поништи визата.

Новак Ѓоковиќ ја доби жалбата против депортацијата од Австралија

Рокот за таа одлука истече и српскиот тениски ас е многу блиску до настап во Мелбурн. Одлуката за негова депортација сепак може да се донесе во вторник.

Сагата за најдобриот тенисер на светот траеше цела недела, но е при крај и во корист на Ѓоковиќ.

Информацијата повторно прв ја пренесе локалниот портал Ејџ, кој цело време ја следеше ситуацијата околу Новак, врз основа на извори од Федералната влада на Австралија.

Српските навивачи и тимот на Ѓоковиќ сè уште не можат да прогласат целосен триумф бидејќи постои можност во вторник да му биде повторно укината визата.

Надал: Од спортска страна не би сакал Ѓоковиќ да биде во Австралија

Судијата Кели: Не помислувајте повторно да му ја укинете визата на Ѓоковиќ

Надал: Од спортска страна не би сакал Ѓоковиќ да биде во Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот