Надал: Од спортска страна не би сакал Ѓоковиќ да биде во Австралија

Рафаел Надал ја почитува одлуката на Федералниот суд во случајот со Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/RITCHIE TONGO

Австралискиот Федерален суд одлучи во корист на Новак Ѓоковиќ, а таквата одлука ја коментираше еден од најголемите ривали, но и пријател на српскиот тенисер, Рафаел Надал.

Иако победи по судски пат, сепак на Ѓоковиќ му се заканува итна депортација од Австралија, се најавува дека австралиските власти повторно ќе го апсат првиот светски рекет.

И Надал кој во Мелбурн освои трофеј, со големо внимание ја следи ситуацијата со Ноле.

– Од спортска страна повеќе би сакал Ѓоковиќ да не биде во Австралија, но судот го кажа своето и неважно е дали се согласувам или не со Ѓоковиќ околу некои работи. Ја почитувам одлуката на судот – рече Надал за шпанските медиуми.

Познато е тоа дека и Рафа има ист број на грен слем турнири, како и Ѓоковиќ и Рожер Федерер, по 20.

Новак Ѓоковиќ ја доби жалбата против депортацијата од Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот