Триумф на Надал на турнирот во Мелбурн

Рафаел Надал победи на последната контрола пред настапот на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои 89. титула во кариерата откако во финалето на АТП турнирот во Мелбурн го победи Максим Креси во два сета. Надал за 104 минути игра со 7:6,6:3 славеше над Американецот.

– Сакам да се заблагодарам на целата организација. Се враќам на терените по еден тежок период во кариерата кога станува збор за повредата, така што не можам да не бидам среќен. Многу ми значи ваквото враќање, со пехар во раката – изјави Надал.

Во женска конкуренција, во Мелбурн славеа Симона Халеп и Аманда Анисимова.
Халеп победи на финалето на Самер сет 1 против Вероника Кудерметова со 6:2,6:3 за 75 минути игра.
Анисимова пак победи на Самер сет 2 турнирот кој исто така се играше во Мелбурн. Младата американска тенисерка во три сета со 7:5,1:6,6:4 ја совлада Алиасандра Саснович.

Новата 2022 година со титула ја започна и првата тенисерка на светот, Ешли Барти. Австралијката го освои турнирот во Аделаида откако во финалето беше подобра од Елена Рибакина во два сета со 6:3,6:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот