ВИДЕО: Динамо слави, рекордерот Адеми асистираше за победа против Феенорд!

Фото: EPA-EFE/PIETER STAN DE JONGE

Во рамките од петтото претпоследно коло од групната фаза во Лига Европа, екипата на Динамо Загреб вечерва триумфираше со резултат 0:2 против Феенорд од Холандија.

Хрватите со третата победа во групата „К“ и официјално се пласираа во нокаут-фазата, поточно во 1/16 финалето од натпреварувањето.

Во остварувањето на големиот успех и освојувањето на трите бода во Ротердам придонесе и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој асистираше во вториот погодок кој го реализираше Мајер во 53 минута од средбата. Претходно непосредно пред паузата првиот гол беше дело на Петковиќ од пенал.

Нашиот играч Адеми денеска испиша историја со клубот, односно тој запиша најмногу настапи во Европа во историјата на Динамо. Ова му беше 77 настап во европските мечеви за „модрите“ и го надмина досегашниот рекордер Самир.

Холанѓаните својата последна шанса за нокаут-фаза ќе ја бараат во последното шесто коло каде што ќе мораат да брка триумф на гостувањето кај австрискиот Волфсбергер кој пак ја совлада руската ЦСКА Москва (0:1). Моменталната табела во групата „К“: Динамо Загреб 11 бодови, Волфсбергер 7, Феенорд 5, ЦСКА Москва 3.

Пласман во нокаут-фазата на ЛЕ слават и екипите на Лил и Милан од групата „Х“, „росонерите“ иако на домашен терен беа во негатива против Селтик од 0:2, направија целосен пресврт (4:2), додека Французите со 2:1 беа подобри од Спарта Прага.

Од групата „Г“ пласман во следната фаза обезбедија Лестер и Брага, а од групата „Л“ Хофенхајм и Црвена звезда кои во Белград на стадионот „Рајко Митиќ“ ремизираа без голови.

Од групата „Ј“ учесници во елиминациските борби ќе бидат Антверп и Тотенхем, составот на Жозе Мурињо со крајни напори извлекоа бод во Австрија против ЛАСК (3:3).

И на крајот во групата „И“ Виљареал слави исто така 1/16 финале со победата над Сиваспор. Турците и покрај поразот ги одржуваат шансите за второто место за кое ќе мора да брка триумф против Макаби Тел Авив во Израел. Моменталната табела во групата „И“: Виљареал 13 бодови, Макаби Тел Авив 8, Сиваспор 6, Карабах 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот