ВИДЕО: Џеј Ло како ангел целосно гола во новиот спот

Фото: Профимедиа

Латино дивата Џенифер Лопез, го објави трејлерот за спотот за својата нова нумера „In The Morning“, а во него се појавува речиси целосно гола, или како од мајка родена…

Лопез во спотот е прикажана како ангел, со кратка платинеста фризура – што е вистинска реткост, бидејќи не постои ниту едно друго музичко видео со ваква фризура на Џеј Ло.

Нејзините интимни делови од телото, сепак се прикриени и сочувани од погледите на јавноста.

„Толку сум возбудена што пред вас е спотот за оваа песна. Полн со симболика за мрачниот, едностран однос и освестувањето дека не можете никого да промените… Можете да се промените само себе! Размислувајте со своите крила и заминете од било што или било кој што навистина не го цени тоа што имате да го понудите“, напиша таа на Инстаграм.

Погледнете го видеото…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот