ВИДЕО | Битиќи: Трошењето пари за платите на советниците на Заев е нужно, не е непродуктивно

Фатмир Битиќи / Фото: МИА

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека во моментов ангажманот на советниците е нужен и дека тоа трошење пари е соодветно односно не е непродуктивно.

Заради поголема транспарентност Владата на својата интернет-страница ги објави нето-платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, но и на надворешните соработници.

Беше објавено дека највисокиот приход за советувањето на премиерот во моментов го има Зоран Верушевски кој за својот ангажаман месечно зема 74.618 денари.

-Советниците и нивните плати се нужен трошок за функционирање на канцеларијата на премиерот и канцелариите на министрите па еве и на мојот кабинет. Трошењата треба да се гледаат од аспект дали се рационални или нерационални трошоци. Во овој случај станува збор за рационални трошоци. Сите до еден кои извршуваат фунцкиии покажавме дека грижата за граѓаните ни е на прво место. Ние веќе рационализираме на други места каде утврдивме декаима непродуктивни трошоци, но ова се секојдневни обврски- рече Битиќи. 

Во новиот состав на советници е значително намален од претходниот кој броеше 56 лица и сега има вкупно 23 членови. 

Најплатен е Верушевски, Владата ги објави платите на советниците на Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот