Најплатен е Верушевски, Владата ги објави платите на советниците на Заев

Заради поголема транспарентност Владата на својата интернет-страница започна со објавување на нето-платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, но и на надворешните соработници.

Меѓу вработените највисока плата има поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој сега на позицијата советник за национална безбедност заработува 74.618 денари. Неговите колеги во Владата добиваат плата од 55.268 денари. На листата со објавени платите на 23 вработени.

Меѓу надворешни соработници кои ги има четворица, најплатена е Нина Фити-Неделковска, која пак е ќерка на професорот и академик Таки Фити, има нето приход од 50.000 денари.

Целата листа погледнете ја тука:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот