ВИДЕО | Бакнеж што го шокираше светот: Емили Ратајковски и Хари Стајлс се новиот жежок пар!

Пејачот Хари Стајлс и моделот и актерка Емили Ратајковски се снимени како страсно се бакнуваат во Токио, Јапонија.
Пред извесно време, медиумите шпекулираа дека Емили е во врска со комичарот Пит Дејвидсон, додека беше потврдено дека Хари е во врска, но идентитетот на девојката не беше откриен. Барем не досега.
Видеото на кое Емили и Хари се бакнуваат без да трепнат пред случајните минувачи стана вирално, со преку три милиони прегледи во рок од 6 часа, а многумина се изненадени што тие двајца се пар.
— v (@ViralMaterialz) March 26, 2023
Хари во моменот настапува во Јапонија како дел од неговата серија концерти наречена „Love On Tour“.
Во последниве месеци, Емили ја поврзуваа со комичарот Пит Дејвидсон, со Ерик Андре, како и со диџејот Орацио Рисп.

Во септември минатата година таа поднесе барање за развод од филмскиот продуцент Себастијан Бер-МекКлард, со кој има син. Двојката се раздели во јули поради откако Емили обелодени дека 42-годишниот Себастијан бил „сериски измамник“.
Во меѓувреме, Хари Стајлс и актерката Оливија Вајлд (39) се разделија во ноември откако открија дека имаат „различни приоритети што ги развојуваат“.
ВИДЕО+ФОТО | Џенифер Анистон виде сè: На Хари Стајлс му пукнаа панталоните за време на концерт
ФОТО | Сега е официјално: Емили Ратајковски и Пит Дејвидсон на романтичен состанок во Њујорк