ВИДЕО+ФОТО | Џенифер Анистон виде сè: На Хари Стајлс му пукнаа панталоните за време на концерт

Фото: Принтскрин - Твитер

Познатиот британски пејач, текстописец и актер Хари Стајлс доживеал непријатна ситуација на својот последен концерт. Додека ја изведувал кореографијата на песната „Music For A Sushi Restaurant“ на неговиот концерт, кожените панталони му се скинаа помеѓу нозете. Според објавените видеа на социјланите мрежи очигледно е дека тоа не било планирано.


28-годишниот пејач се засрами од непријатната случка и побрза да ги покрие интимните делови, без да го прекине концертот. По завршувањето на песната Стајлс направи мала пауза и се пресоблече зад сцената. По враќањето на сцената ѝ се извини на публиката. Во публиката беше и неговата симпатија од детството, актерката Џенифер Анистон.

Хари ја покажа смислата за хумор во своето извинување за обожавателите во првите редови:

„Панталоните ми се скинаа. Чувствувам дека морам да им се извинам на некои од вас тука долу напред. Сепак, ова е семејно шоу“ – рече тој, а потоа му се обрати на маж во публиката, велејќи: „Вие господине, дали сте ОК? Ветувам дека ова не е дел од шоуто“.

ВИДЕО | Хари Стајлс го прекина концертот откако фановите почнале да се гушат и губат свест

Посреќна од кога било: Оливија Вајлд раскажа за интервју за „Vogue“, но без да го спомнува името на Хари Стајлс

ФОТО | Роденденската прослава може да започне: Дуа Липа денес полни 27 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот