ВИДЕО | Хари Стајлс го прекина концертот откако фановите почнале да се гушат и губат свест

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Познатиот британски пејач Хари Стајлс мораше да го прекине концертот во Богота, Колумбија поради инцидент што се случи во првите редови.

Имено, неговите обожаватели почнале да се гушат и да се онесвестуваат за време на концертот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @harrystyles


Британецот од сцената видел што се случува со фановите кои биле пред него и го прекинал концертот за да им помогне и да ги заштити. Стајлс побара од останатиот дел од публиката да се оддалечи од луѓето во првите редови за да спречи уште поголема трагедија.

„Возбуден сум што сум овде и знам дека ќе биде одличен концерт, но најважно е луѓето да се безбедни. Овде е многу жешко и има многу луѓе, ве молам повлечете се неколку чекори назад, но многу, многу бавно“, рече Стајлс од сцената.

На Твитер може да се најдат различни коментари од луѓе кои биле на стадионот Колосеум Лајв, каде што имало 24.000 луѓе, а еден посетител напишал дека се плашел за својот живот.

„Бев во делот „Платинум” и за малку ќе умрев. Човекот мораше да го прекине концертот бидејќи се гушевме“, напишал еден од фановите на Твитер, а на една од снимките се слушаат фановите како му викаат на Хари дека немаат воздух и се гушат.

Фановите на британскиот пејач чекале шест часа за да влезат на стадионот во Богота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот