ФОТО | Роденденската прослава може да започне: Дуа Липа денес полни 27 години

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Поп пејачката и една од најбараните изведувачи на денешницата, Дуа Липа, денес го слави својот 27 роденден. По тој повод, пејачката ја искористи приликата на својот инстаграм – профил да објави неколку фотографии кои претставуваат вовед во славеничката атмосфера. Како што може да се види од фотографиите, иако Дуа Липа денеска го слави својот 27 роденден, пејачката минатиот викенд приреди сопствена голема прослава на која се појавија неколку фотографии на Инстаграм.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Славеничка недела“, напиша таа покрај неколку слики што ги објави на социјалната мрежа.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Пејачката беше стилизирана во минијатурен светкав топ, бело здолниште и потпетици на екстремно висока платформа. Ниту нејзините бројни следбеници не останаа рамнодушни на фотографиите, а притоа ѝ честитаа роденден во коментари под роденденските фотографии.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

По бројните честитки од фанови, пејачката објави нови фотографии на кои позира во дводелен џинс комбинација од топ и здолниште, упатувајќи благодарност за сите убави желби и пораки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот