ФОТО | Сега е официјално: Емили Ратајковски и Пит Дејвидсон на романтичен состанок во Њујорк

Фото: EPA/Profimedia

По гласините за нивната романтична врска, Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски за првпат биле забележани заедно во јавност, пишува „Пејџ сикс“.

Имено, комичарот вчера го прослави својот 29. роденден, а папараците го фотографирале пред станот на 31-годишната манекенка во Њујорк.

Пит Дејвидсон пред домот на Емили Ратајковски / 16 ноември 2022 / Фото: ROKA / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Ратајковски излегла за да се сретне со Дејвидсон, но откако ги забележале фотографите, таа се вратила во својот дом, а Дејвидсон заминал.

Набргу потоа, Ратајковски повторно излегла од станот, се качила во возило на „Убер“ и се упатила кон домот на Дејвидсон. Овој пат, таа носела родендски подарок во своите раце.

Емили Ратајковски / 16 ноември 2022 / Фото: T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Дејвидсон ја пречекал Ратајковски пред зградата, каде што папараците ги забележале како се прегрнуваат.

Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски пред домот на комичарот / 16 ноември 2022 / Фото: T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Според извори блиски до парот, тие комуницираат веќе неколку месеци и дека нивната врска е сосема на почеток.

„Пит постојано ја смее Емили и го обожава тоа што таа е многу интелигентна“, вели изворот.

Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски пред домот на комичарот / 16 ноември 2022 / Фото: T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Гласините за нивната врска почнаа минатата недела, кога анонимен извор споделил дека ги забележал на романтичен состанок во Бруклин.

Како потсетување, Емили Ратајковски се раздели од нејзиниот сопруг Себастијан Беар-Меклард во јули годинава, а причина за нивната разделба, наводно, било неверството на Меклард.

Тие беа во брак од 2018 година, а во март 2021 го добија синот Силвестер.

„Тие се разделија неодамна. Тоа беше одлука на Ем. Ќе ѝ биде добро, таа е силна и е фокусирана на синот. Обожава да биде мајка“, изјави тогаш близок извор за „Пипл“.

Од друга страна, пак, Пит Дејвидсон неодамна ја прекина својата врска со телевизиската ѕвезда Ким Кардашијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот