ВИДЕО | Арнолд Шварценегер за необичните методи на воспитување: Одгледуваме слабаци, децата мора да страдаат и да поминуваат низ болка

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Актерот Арнолд Шварценегер неодамна беше гостин кај Хауард Стерн, па во разговорот меѓу другото зборуваше и за неговите метoди на воспитување на децата. Тој беше многу искрен и изјави дека „воспитуваме генерација на слабаци“.

Инаку, Арнолд има пет деца – Кетрин (33), Кристина (31), Патрик (30) и Кристофер (26) со поранешната сопруга Марија Шрајвер и 26-годишниот син Џозеф со Милдред Баена.

Тој на Хауард му призна дека еднаш ги запалил чевлите на една од своите ќерки како казна, а душекот на синот го фрлил низ прозорецот во базенот откако тој не го наместил креветот.

„Младите мора да страдаат и да се борат и да поминуваат низ болка, мизерија и срам за да успеат во животот и да се зацврстат. Да престанеме да создаваме генерација слабаци. Младите треба да бидат принудени да се борат, да спортуваат и да учат, а тоа значи дека треба да поминат низ болни моменти“, рече Шварценегер.

Актерот ојбасни дека се плаши дека младите се меки како бебиња. После тоа, тој испрати порака до сите што сакаат да го слушнат.

„Сите вие ​​што се заштитувате од лошото во животот и бегате – готови сте. Никогаш нема да стигнете до целта, треба да се борите“, рече тој.

Во истото интервју, тој откри дека стареењето му е тешко, а водителот истакна дека му е било „тажно“ кога во книгата на Шварценегер прочитал како поранешниот бодибилдер зборува дека кога ќе се погледне во огледало – ќе забележи дека „многу од големите мускули веќе ги нема, дотолку што не сака да гледа во сопственото тело“.

И по 10 години од разделбата, Арнолд Шварценегер сѐ уште чувствува љубов за поранешната сопруга Марија Шрајвер

Шварценегер се извини за сексуалното вознемирување на неколку жени: „Немам изговор, згрешив“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот