И по 10 години од разделбата, Арнолд Шварценегер сѐ уште чувствува љубов за поранешната сопруга Марија Шрајвер

Фото: NICOLAS ASFOURI / AFP / Profimedia

Во интервју за магазинот „Пипл“, ѕвездата на „The Terminator“, Арнолд Шварценегер се присети на аферата со неговата семејна, куќна помошничка Милдред Баена – одлука што доведе до крај на неговиот брак со Марија Шрајвер во 2011 година, пренесува „Јаху“ (Yahoo).

Тој се наварати на скандалозната разделба со поранешната сопруга Марија, за која сѐ уште има само добри зборови.

„Ние не бевме во лоши односи. Не се скаравме. Тоа беше само моја вина“, изјавил Арнолд за неговата разделба со Марија.

Поранешниот гувернер на Калифорнија го финализираше разводот со новинарката во 2021 година, 10 години по нивната разделба, и тие останале во добри односи.

„Моето поглавје со Марија ќе продолжи засекогаш. Иако се работи за поинаква врска, нема причина да чувствувам нешто друго освен љубов кон неа“, изјавил Шварценегер.

Арнолд и Марија заеднички ги воспитуваат нивните деца Кристофер (26), Кетрин (33), Кристина (32) и Патрик (30).

„Отсекогаш јасно кажувавме дека децата не треба да страдаат поради афера. Таа сега има партнер, јас имам партнерка, но секогаш комуницираме за децата, за празници, роденденски забави и за забави за Денот на мајката и за Божиќ“, додава тој.

Тој моментно е во врска со физиотерапевтката Хедер Милиган (48).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот