Црн ден на улиците – тројца пешаци прегазени во 24 часа, возачите пробуваат да избегаат
Во тетовската полиција вчера попладне, околу 16 часот, било пријавено дека на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово.
Препорачано
По ударот, возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Од добиените информации, детето се здобило со тешки телесни повреди кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Полициска екипа од СВР Тетово извршила увид на местото на несреќата, а во тек се мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
Ова е трет случај на прегазен пешак во изминатите два дена.
Синоќа, на пешачкиот премин кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ прегазена беше жена, а возачот на автомобилот побегнал од местото на настанот. Но, по некое време бил фатен на патот кон Средно Водно.
Тешка несреќа во центарот на Скопје – прегазена жена на пешачки, возачот избегал
Денеска, пак, настрада маж кај мостот „Гоце Делчев“ кога во него удрил автомобил, а возачот исто така побегнал.
Возачот кој прегази жена на пешачки кај „Јосип Броз“ е фатен, бегал накај Средно Водно


