Тешка несреќа во центарот на Скопје – прегазена жена на пешачки, возачот избегал
Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала преку пешачкиот премин кога во неа удрил џип кој не застанал. По ударот, возилото се оддалечило со голема брзина, оставајќи ја повредената жена да лежи на коловозот.
Во центарот на Скопје вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа во која жена-пешак беше прегазена на пешачки премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, објави Мета.
Препорачано
Возачот што го предизвикал инцидентот, веднаш по ударот, побегнал од местото.
Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала преку пешачкиот премин кога во неа удрил џип кој не застанал. По ударот, возилото се оддалечило со голема брзина, оставајќи ја повредената жена да лежи на коловозот.
Екипа на Брза помош пристигнала брзо и ја пренела жената во Градската општа болница „8 Септември“. Засега нема официјални информации за нејзината здравствена состојба.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е во тек истрага за идентификација на возилото и возачот, при што се анализираат безбедносните камери од околината.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
21мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


