Тужба против најпопуларната игра Фортнајт: Создава зависност како кокаин!

принтскрин

Родители на две момчиња од 10 и 15 години одлучиле да ја тужат најпопуларната игра Фортнајт поради фактот дека создава зависност.

Адвокатската канцеларија „Calex Legal“ од Монтреал која ги застапува децата, играта Фортнајт ја споредува со кокаин и наведува дека таа поттикнува лачење на допамин во мозокот и така младите луѓе стануваат зависни од играње, пренесуваат од Си-би-си.

Адвокатката Алесандра Еспосито Чартранд смета дека има доволно докази врз чив темел може да се изгради цврст случај. Таа исто така ги повика и родителите кои го мислат истото тоа за да и се придружат. Барањето за одобрување на колективна тужба против „Epic Games“ е предадено на судот во Монтреал.

Според зборовите на Алесандра, со истражувањето заклучиле дека „Еpic Games“ ангажирале група психолози со цел играта да ја направат опасно зависна кај играчите и таква ја пласирале на пазарот со цел да привлечат што повеќе деца. Кога нешто предизвикува зависност, должноста на компанијата е да ги извести корисниците, нешто што „Games“ го изоставиле.

Така родителите кои одлучиле да ја казнат Фортнајт никогаш на своите деца не би им дозволиле да ја играат Фортнајт доколку би ги знаеле последиците од самата игра, особено дека предизвикува зависност.

Во условите за користење на кои се согласуваат сите играчи на Фортнајт „Epic Games“ делумно проба да се заштити од вакви тужби, но во „Calex Legal“ сметаат дека тоа во Квебек нема да значи ништо поради законот кој ги обврзува компаниите дека за потенцијалните ризици од своите производи треба да ги известат корисниците. Од „Epic Games“ се уште не се огласија за случајот.

Можноста дека вакви тужби ќе има уште повеќе и во другите делови на светот е многу голема.

За тоа време Фортнајт и понатаму е бесплатна и е една од најпопуларните игри на светот со повеќе од 125 милиони играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот