Тројца европски премиери на посета во Киев ќе ја дадат својата поддршка за Украина

Моравјецки, Фијала, Јанша/ Колаж на СП/ ЕПА

Премиерите на Чешка, Полска и на Словенија денеска ќе патуваат за Киев, каде треба да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски, како претставници на лидерите на Европската унија. Информацијата утрово беше објавена на социјалните мрежи, од страна на чешкиот премиер Петр Фијала.

– Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина, појасни Фијала.

Друга цел на посетата, додаде тој, е и да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците.

Помошникот на Моравјецки, Михал Двочик, им изјави на новинарите дека делегацијата ја преминала полско-украинската граница и се упатувала кон Киев со воз, во, како што рече полскиот лидер, историска мисија.

„Наша должност е да бидеме таму каде што се кова историјата. Затоа што не се работи за нас, туку за иднината на нашите деца кои заслужуваат да живеат во свет ослободен од тиранија“, рече Моравјецки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот