Тихановскаја ја напушти Белорусија: Главната противничка на Лукашенко е „на безбедно“ во Литванија
Светлана Тихановскаја, која беше главната противничка на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко на претседателските избори во земјата, ја напуштила државата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичијус потврди дека таа е во Литванија, на безбедно.
Полицијата вчера насилно ги растури новите демонстрации против резултатите на претседателските избори во Белорусија со користење на солзавец и гумени куршуми.
Хаос на улиците на Минск: Стотина повредени, над 3.000 уапсени и една жртва (ФОТО+ВИДЕО)
Маса огорчени граѓани, извикуваа „Срамота“ и „Да живее Белорусија“.

Полицијата потврдила за ТАСС дека уапсила демонстранти и уверувала дека ситуацијата е под контрола, но според наводите на руските и белоруските медиуми, апсења има и во другите градови.






Ројтерс пренесува дека соработниците на Светлана Тихановскаја не успеале да стапат во телефонски контакт со неа откако ја напуштила зградата на изборната комисија и изјавила дека се смета за победник на претседателските избори.


