КИДНАПИРАЊА на улица, криење гласови и многу насилство: Надреални снимки од улиците во Белорусија откако Лукашенко прогласи победа (ФОТО/ВИДЕО)

Протести против прогласувањето на победата на Ликашенко на претседателските избори / Минск, Белорусија / 9 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Најмалку едно лице е убиено и десетици се повредени додека белоруската полиција насилно ги спречуваше протестите кои во повеќето градови избија заради изборите на кои, според првичните резултати, долгогодишниот претседател Александар Лукашенко го освојува својот шести претседателски мандат.

Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата, војската излегува на улиците (ВИДЕО)

Според локалните организации за заштита на човечки права, едно лице го изгубило животот откако било удрено од полициско комбе, а десетици се повредени во судирите со полицијата по претседателските избори.

Минск, Белорусија / 9 август 2020 / Фото: EPA-EFE/MARINA SEREBRYAKOVA

Во Минск се приведени повеќе од 50 луѓе, а повеќе од 120 во целата земја, соопшти организацијата за човечки права Виасна.

Протести против прогласувањето на победата на Лукашенко на претседателските избори / Минск, Белорусија / 9 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
Повредено лице се пренесува со амбулантна кола во болница / Минск, Белорусија / 9 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Опоцизиската кандидатка Светлана Тихановскаја одби да прифати пораз, меѓутоа повика на мир и испрати апел до безбедносните сили да се воздржат од насилство.

Здружението за заштита на човечки права Амнести Интернешнл утринава на Твитер напиша дека сведочеле како се „фрлени 6 шок-гранати и испалени неколку куршуми“ врз собраните луѓе во Минск.

Државните медиуми подоцна известиле дека „ситуацијата е под контрола“ и дека во министерството за внатрешни работи се состанал кризниот штаб.

Минск, Белорусија / 9 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
Податоците на режимските и независните излезни анкети драстично се разликуваат

Излезните анкети кои ги објавија белоруските државни медиуми покажале дека Лукашенко победил со околу 80 отсто од гласовите, а портпаролката на Тихановскаја, Ана Касулина изјави дека тој резултат е „далеку од секоја реалност“.

Светлана Тикановскаја, противкандидатката на Лукашенко го оствари своето право на глас / Фото: EPA-EFE/MARINA SEREBRYAKOVA

На социјалните мрежи се појавуваат снимки како се пребројуваат гласовите и како неговата противкандитатка Тикановскаја скоро секаде освоила повеќе гласови од Лукашенко.

Државната изборна комисија денеска објави дека според првичните резултати Лукашенко освоил 80,23 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка 9,9 отсто од гласовите.

Минск, Белорусија / 9 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Од друга страна независните истражувања покажуваат дека Тихановскаја добила 71 отсто од гласовите, додека Лукашенко добил само 10 отсто.

Засега не можат независно да се проверат податоците на ниту една страна

Изборите во недела не ги следеше Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) бидејќи не била повикана на време.

Повредено лице од протестите во Минск / 09 август 2020 / Минск, Белорусија / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Неколку држави на Европската унија, вклучувајќи ја и Германија, ги критикуваа изборите бидејќи двата главни противници на Лукашенко, вклучувајќи го и сопругот на Тихановскаја, биле испратени во затвор пред изборите.

Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

 

Факт што подеднакво шокира е видеата кои ги споделува дописникот за Independent, Бурзу Дарагахи, на кои може да се забележи како викендов на улиците во Минск се киднапирале луѓе во непознати комбиња.

Лукашенко, заканувајќи се со полицијата,  веќе неколку пати ги предупреди граѓаните да не се вклучуваат во забранети собири во екот на изборите.

Инаку, во моментот кога завршило гласањето, интернет конекцијата во цела Белорусија била стопирана, пренесуваат жители од државата на социјалната мрежа твитер.

Погледнете ги видеата кои масовно се споделуваат на социјалната мрежа твитер:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот