Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата, војската излегува на улиците (ВИДЕО)

epa08592929 Belarusian President Alexander Lukashenko arrives to a polling station during the presidential elections in Minsk, Belarus, 09 August 2020. Five candidates are contesting for the presidential seat, including the incumbent president Alexander Lukashenko. EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Вечерва во Минск почнаа да се собираат демонстранти, додека на социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледаат голем број воени возила како возат кон главниот град.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата на претседатеслките избори. Како што пренесува британски Експрес, повикувајќи се на локалните медиуми, Лукашенко одлетал во Турција од страв дека новиот претседателски мандат би можел да предизвика нереди во Минск.

Александар Лукашенко е претседател на Белорусија од 1994 година и е на добра пат да го победи лидерот на опозицијата Светлана Тихановскаја. И покрај многуте шпекулации дека претседателот би можел да ги загуби изборите, излезните анкети покажуваат убедлива победа на Лукашенко, кој добил повеќе од 80 отсто од гласовите.

Белорускиот портал МБК објави дека авион поврзан со Лукашенко ја напуштил земјата. Овој медиум објави дека претседателскиот авион  Bombardier Challenger 850 слетал денеска во Турција.

Инаку, полицијата во неделата притвори повеќе од 2.000 лица ширум земјата, соопшти Центарот за човекови прави Виасна.

Тимот на Светлана Таихановскаја ги обвини денеска официјалните лица поради апсењето на нејзиниот менаџер, кој нема да бид епуштен на слобода до понеделник. Нејзиниот сопруг Сергеј е уапсен по обидот да се регистрира како кандидат на изборите.

 

Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Вечерва во Минск почнаа да се собираат демонстранти, додека на социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледаат голем број воени возила како возат кон главниот град.

Лукашенко е остро критикуван поради начинот на кој постапувал во текот на кризата предизвикана од пандемијата со коронавирус и неспособноста да ја развие економијата, оцени британскиот весник.

Меѓутоа, по денешното гласање инсистирал дека неговиот противник не е закана.

– Тие не се доволно вредни за да се спроведе било каква репресија кон нив, рече Лукашенко.

На последните избори во 2015 година, претседателот победи со 83,5 отсто од гласовите, зошто немаше сериозни противкандидати.

КИДНАПИРАЊА на улица, криење гласови и многу насилство: Надреални снимки од улиците во Белорусија откако Лукашенко прогласи победа (ФОТО/ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот