Тесна трка за претседател на Чиле, Каст и Борич одат во втор круг

Јозе Антонио Каст и Габриел Борич
Кандидатите за претседател на Чиле, Јозе Антонио Каст и Габриел Борич/ Фото Колаж на Слоободен Печат

Десничарот Хозе Антонио Каст и левичарскиот пратеник и поранешен лидер на протестите Габриел Борич одат во вториот круг од претседателските избори во Чиле што ќе се одржи во декември, пренесува Ројтерс.

Врз основа на речиси 97 отсто од преброените гласови од вчерашниот прв круг од изборите, Каст освои 27,94 отсто од гласовите, наспроти 25,75 отсто што ги освои Борич.

Денес народот на Чиле проговори, изјави Каст во говор пред поддржувачите по објавувањето на резултатите, додавајќи дека изборите всушност се избори меѓу „слободата и комунизмот”.

Борич, од друга страна, во својот говор се осврна на криминалот и трговијата со дрога, што ретко го правеше пред гласањето.

Крстоносната војна е дека надежта го победува стравот. Мораме да погледнеме подалеку и да излеземе надвор за да ги доведеме луѓето надвор од нашите граници, рече Борич, 35-годишен пратеник со потекло од Хрватска, кој ги предводеше студентските протести во 2011 година, барајќи подобрување на образовниот систем на Чиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот