Терминатор вежба, Лулу го набљудува – Шварценегер не може да се оддели од своето магаре (ВИДЕО)

Најпознатиот терминатор Арнолд Шварценегер (72) не се одвјува од своите домашни миленици, меѓу кои е и бескрајно симпатичното магаре Лулу, со кое најдобро се запознавме за време на пандемијата, бидејќи актерот речиси секојдневно споделува занимливости со него.

Лулу присуствува и на напорните тренинзи на Шварценегер, а актерот со задоволство го споделува својот „другар“ на социјалните мрежи, а така беше и овој пат.

Магарето Лулу овој пат ги освои срцата на пет милиони фанови и тоа не само со своето однесување во теретаната која поранешниот гувернер на Калифорнија ја има во својот дом во Лос Анџелес, туку и со својот пресладок скок на почетокот на видеото, но и со погледот во огледало на крајот на видеото.

Терминатор вежба, а Лулу го „контролира“ дали тој тоа добро го прави.

Погледнете…

View this post on Instagram

Lulu pumps up.

A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот