Телевизиско деби – Шварценегер ќе глуми во нова шпионска серија

Фото: Профимедиа

Легендарниот акционен актер, Арнолд Шварценегер, ќе глуми во новата едночасовна шпионска серија, која ќе се прикажува на „Скајденс“ телевизијата, тврди „Варајети“.

Освен главната улога, Шварценегер ќе биде и извршен продуцент, а тоа ќе му биде телевизиско деби.

Серијата е опишана како шпионска авантура со татко и ќерка во центарот на приказната.

Се уште не е познато кој ќе ја глуми ќерката на Арнолд.

Со овој проект Шварценегер ќе ја продолжи соработката со „Скајденс“ , која ја оствари при последните два филма за Терминатор – „Terminator Genisys” и „Terminator: Dark Fate”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот