Светски рекордер уапсен бидејќи не го почитувал полицискиот час

Поранешниот светски рекордер во маратон, Вилсон Кипсанг е уапсен во Кенија поради непочитување на полицискиот час кој е воведен поради пандемијата на коронавирусот.

Кипсанг кој исто така е полицаец бил во групата од 20 лица кои се затвориле во локален бар во Кенија. Групата била затекната во барот околу 19 часот, два часа по почетоткот на полицискиот час, а во него се наоѓал и локален политичар.

Освојувачот на бронзениот медал на Олимписките игри 2012 година во Лондон е задржан во полициската станица во Итен, град каде тренираат кениските атлетичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот